Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, кој одигра многу слаб натпревар во дербито со Ливерпул, им се извини на навивачите на тимот за понижувачкиот пораз на „Олд Трафорд“. Камерите околу стадионот покажаа дека некои поддржувачи на „црвените ѓаволи“ заминаа на полувремето, а некои по 60. минута, кога Јунајтед веќе губеше со 0:5.
„Како прво, сакам да им се извинам на навивачите. Овој настап не беше на нивото на овој клуб. Сите сме разочарани. Разговаравме во соблекувалната и тука сум затоа што морам да бидам тука. Единствената вистинска работа е да им се извинам на навивачите. Тие останаа со нас, пееја и скандираа и на 0:5, но ние треба да играме подобро. Не сум тука да го анализирам натпреварот. Им оставивме премногу можности, и тие беа навистина ефикасни. Како прво, јас сум дефанзивец и можам да кажам дека да примиш четири гола на „Олд Трафорд“ за едно полувреме воопшто не е добро. Како играч внимателно ќе го гледам настапот и индивидуално и тимски, бидејќи јас сум капитен и ги водам овие момци. Мораме да бидеме обединети“, изјавил Мегваер.