Најкрволочниот фудбалски старт на сите времиња… дечко дали си ти нормален!? (ВИДЕО)

429

Од Тунис ни доаѓа најкрволочниот фудбалски старт на сите времиња, и тоа без сомнение. Нивото на африканскиот фудбал ни од далеку не е на толку ниско ниво за да се случуваат вакви нешта, а на дотичниов голман веројатно треба да му се забрани бавење со фудбал, затоа што по овој старт и повеќе е очигледно дека во него нема никаков спортски дух, туку инстинкт за повредување и загрозување човечки животи.

Се работи за голманот на Либискиот тим Ал Итихад Муад Алафи, кој во рамките од квалификациите за Афричката Лига на Шампиони, играше двомеч со екипата на Есперанс од Тунис.

ВО еден момент напаѓачот на домашните Хамда Елхамдуи излезе сам пред голот на гостите, а Алафи се одлучи да го направи ова… погледнете сами и проценете дали овој фудбалер повеќе треба да има право да излезе на терен.

ПретходноСалах: Секогаш се обидувам да асистирам, знаеме што е потребно за да ја освоиме титулата
СледноВалверде со повреда по судирот со Пике