Меѓународниот центар за спортски студии, (CIES), објави студија во која направи ранкинг на најдобрите клубови во Европа по бројот на продадени играчи, во најдобрите лиги на стариот континент.
Оваа студија покажува во основа кој од европските клубови има најдобра академија, кој работи најдобро со млади играчи и конечно кој профитира најмногу од тоа.
На прво место нормално е Ајакс, и неговата светски позната академија. На второ место е уште еден европски гигант, кој инвестира милиони во младинските категории, а тоа е украинскиот Шахтјор Доњецк. Трет е Спортинг Лисабон, а четврти е тимот на Динамо Киев, втор украински клуб во топ пет листата.
Следуваат за нас доста интересните Динамо Загреб односно зад него Партизан од Белград. Два клуба кои реално и егзистираат исклучиво од продажба на млади фудбалери и на чиј што клубови одлично им оди таа агенда.
Следуваат Реал Мадрид, Бенфика, Спарта Прага, Барселона, а потоа е Црвена Звезда пред Арсенал, односно Феенорд, Олимпик Лион и ПСЖ.