Клубовите од Премиер лигата направиле коалиција со идеја да го натераат Њукасл да испадне од елитата оваа сезона, пишува „Дејли Мејл“. Сите во Англија се бесни поради зделката со која државниот конзорциум од Саудиска Арабија ги купи акциите во тимот од „Ст. Џејмс Парк“ и веќе работат против новите сопственици на клубот.
Првиот чекор бил направен минатата недела, кога 18 од 20-те клубови во Премиер лигата гласаа за привремено прекинување на преговарањето за постојни рекламни и деловни односи. Ова ги спречи Арапите да потпишат нови, попрофитабилни договори за рекламирање и на тој начин почнаа да одлеваат сериозни средства во Њукасл во зимскиот преоден рок.
Сепак, англиските клубови планираат да одат и понатаму. Тие се договориле никој да не преговара со Њукасл за продажба на нивни играчи. Со тоа се надеваат дека клубот нема да може доволно да се засили оваа зима и ќе испадне во Чемпионшип.