Ливерпул вчера го понижи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 5-0. Овој пораз тешко му падна на Кристијано Роналдо, кој кон крајот на првото полувреме тоа го покажа со неспортски потег.
Португалецот го фаулираше Џонс, но не застана и продолжи да ја удира топката која беше кај играчот на Ливерпул, иако во тој момент судијата му досуди прекршок. Овој потег ги налути останатите играчи на „црвените“, кои жестоко реагираа, особено Ван Дајк, кој сакаше да се пресмета со Роналдо.
Тој го турна Португалецот, но на голема среќа ситуацијата не ексалираше.
Van Dijk chesting Ronaldo out the way and then Konate pushing that rat Fernandes.
Glorious scenes 😍pic.twitter.com/HGHqLtdspF
— 𝘾𝙃𝙍𝙄𝙎 ⚡ (@FPL_FC) October 24, 2021