Салах: Секогаш се обидувам да асистирам, знаеме што е потребно за да ја освоиме титулата

197

Светската фудбалска јавност е во екстраза односно неверување по големиот, огромен триумф на тимот на Ливерпул на вчерашното дерби против Манчестер Јунајтед, среде Олд Трафорд со фантастични 0:5.

Едните се во тотален шок, не веруваат што им се случи, другите пак се на „седмо небо“ затоа што го остварија еден од најголемите триумфи во и онака нивната пребогата историја.
Мохамед Салах забележа хет трик и нормално воодушен од она што го направи рече дека овој триумф е плод на одличната игра на Луверпул на овој меч.

„Мислам дека е одлично да се победи со 0:5 како гостин. Знаевме пред натпреварот дека ќе биде тешко ако не го играме нашиот фудбал. Успеавме да го направиме тоа од самиот почеток и така натпреварот стана полесен. Моравме да дадеме 100% од нас и да доминираме. Мислам дека успеавме. Од почетокот само се трудевме да играме наш фудбал, да ја задржиме топката што подолго и да создаваме шанси„ – изјави Салах па додаде.

„Искрено, се додека тимот продолжи да победува, јас ќе бидам повеќе од среќен. Секогаш се трудам да одиграм асистенција. Со првиот гол можев да завршам сам, но му додадов на Наби. Секогаш се трудам да дадам се од себе за да го освојам тимот. Ова е најважно. Ја освоивме титулата пред две години и знаеме што е потребно за да го направиме тоа повторно. Победата против Манчестер Јунајтед е навистина голема работа, но на крајот се само три бода. Треба да се фокусираме на претстојните натпревари“, изјави Салах.

ПретходноВардар со противник од Холандија во ЕХФ купот
СледноНајкрволочниот фудбалски старт на сите времиња… дечко дали си ти нормален!? (ВИДЕО)