Кил во Скопје по последните најави нема да дојде во комплетен состав за разлика од актуелниот македонски првак кој нема играчки проблеми. Во таборот на Вардар 1961 сите се свесни дека бундес-лигашот и без најдобрите е опасен, но сепак се свесени дека мораат максимално да ја искористата оваа ситуација да ја прекинат серијата од два порази во низа.
„Имавме недоразбирања во одбраната на последните два меча, верувам дека против Кил тоа ќе се поправи. Мора да бидеме дисциплинирани, да имаме концентрација во клучните моменти, овие ситни финеси мора да ги поправиме за да останеме на високо ниво, да одговориме вистински на предизвиците.
Кил е одлична екипа, добро се познаваат, но секако и тие имаат слаби страни, анализираме, мора да ги казниме, мора да го искористиме жестокото темпо, играат на многу полиња. Можеби изгоревме на дуелите против Монпеље, можеби изгоревме од желба, сакавме да го повториме успехот од претходните мечеви. Но, можеби требаше ова да се случи, да не спуштат на земја за да видиме до каде сме. Мора полека да се креваме нагоре“, изјави Томовски.