Во данското првенство Алборг на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски доживеа дебакл на домашен терен против Виборг. Алборг е поразен со 2:5 што е најсрамен пораз од Виборг по мај 2000 година (тогаш загубија со 7:2).
ИНтересно е што Виборг до пред овој меч седум меча по ред вклучувајќи и еден во Купот немаше победа, а сега му даде пет на шампионот од 2014 година. Трајковски го одигра првото полувреме кога гостите имаа предност од 1:2.
По неговото излегување домашната екипа доживеа распад. Гостите поведоа со 1:4, во меѓувреме Алборг намали преку Макариќ за во финишот Лоритсен да ги постави конечните 2:5.
Алборг е четврти на табелата со 21 бод, 10 помалку од лидерот Митјиланд, додека Виборг е на позиција 8.