Иван Тричковски и се е кажано. Имено попладнево на мечот со Анортозис на гости, Македонецот одново, од пенал, постигна гол, тоа е вкупно осми во седмиот меч по ред. Се играше 35 минута кога Тричко од пенал донесе водство од 1:0 за гостинскиот тим на АЕК Ларнака.
Навистина Тричко е во страшна форма на радост на фановите на АЕК Ларнака, тим кој што сега и тоа како се наметнува како најсериозен кандидат за титулата. Тричковски и неговите голови го држат АЕК Ларнака на врвот на табелата во елитната лига на Кипар, а самиот тој е на врвот на листата на стрелците со 8 голови по седмото коло.
Додека ова го пишуваме мечот Анортозис – АЕК Ларнака се уште се игра, а резултатот е 2:0 за тимот на Македонецот.