Одбојакрите на Шкендија и Јанта Волеј обезбедија нови победи во рамките на 2. коло од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Викендов на гостувањето против Лирија, Шкендија со убедливи 3:0 ја обезбеди и втората максимална победа, откако првенството го отвори со триумф на домашен терен над Дибра Волеј.
Максимален старт и за Јанта Волеј кој по победата над Македонија Џио во 1. коло, во втората рунда обезбеди максимална победа и над екипата на Дибра Волеј и тоа на гостински терен.
Кај дамите, нови победи во второто коло обезбедија Работнички, Јанта Волеј КВ и Наиковски Волеј. Прв успех и за одбојкарките на Струмица.
Прва лига (мажи), 2.коло
Лирија – Шкендија 0:3 (20:25, 16:25, 13:25)
Штип УГД – Вардар 3:0 (25:13, 25:21, 25:21)
Македонија Џио – ГОК Борец 0:3 (12:25, 8:25, 14:25)
Дибра волеј – Јанта волеј 0:3 (21:25, 23:25, 18:25)
Струмица47&72 – Универзитетво Тетово (денеска, 19.00, пренос на МРТ3)
***Слободна е екипата на Весна Пробиштип
Прва лига (жени), 2.коло
Работнички Скопје – Фит фан волеј 3:0 (25:22, 25:13, 25:15)
Пелистер волеј – Јанта волеј КВ 0:3 (9:25, 12:25, 17:25)
Наковски волеј – Вардар жени 3:0 (25:7, 25:16, 25:16)
Струмицажени – Универзитет во Тетово 3:0 (25:22, 25:16, 25:13)