Шкупи со повик до фановите: Да ги исполниме трибините, време е за ваша поддршка!

305

Иако Шкупи е прв на табелата, иако игра добро, иако по подолго време е кандидат за освојување на титулата, сепак тимот се чини дека не ја добива потребната поддршка од фановите. Минато се тие времиња кога Чаир беше преполн, а сега е тука и новата трибина.

Токму затоа раководството на клубот упати апел во вид на соопштение до навивачите да дојдат во што поголем број на трибините на стадионот на Чаир:

Пред околу три или три и пол години го започнавме нашето патување до сонот.
За жал, за време на ова патување, останавме сами, и финансиски и духовно.
Сите си заминаа и продолжија да го критикуваат нашиот клуб и малку станаа да не поддржат.
Денес, некои од далеку, а некои од близу, гледаат дека Фудбалскиот клуб Скопје е на многу добар пат, но ние нема да доживееме успеси сами туку заедно.Ќе постигнеме успех само ако останеме обединети со нашите навивачи, граѓани, симпатизери и самите себе во клубот.
Сите сме сведоци на позитивните резултати на нашиот клуб и особено на последните натпревари, но за жал на последните натпревари во Чаир трибините ни беа празни. Се разбира, ние не зборуваме само за нашите фанови, туку за сите нас воопшто.
Како што споменавме порано, овој тим ја заслужува секоја можна поддршка од сите нас и само тогаш ќе ги оствариме нашите соништа.
Ве повикуваме на претстојните натпревари, нашите трибини да бидат полни со навивачи, да пееме заедно и, исто така, за време на оваа битка, некој треба да тропне на нашата врата и да не праша „Како можеме да останеме со вас?“.Време е да станеме голема заедница.
Ве молиме не двоумете се да не поддржите за време на нашето патување“ се вели во соопштението.

ПретходноНашата Сара Ристовска е неверојатна: Повторно е во ТОП листата на најдобри голови во ЛШ! (ВИДЕО)
СледноПаника во Дортмунд: Халанд го чека долга, долга пауза…