Ѓоковиќ и невакцинираните можат на Австралија Опен, но ќе мораат во карантин две недели

199

Утрово од Австралија Опен стигнуваат вести дека тенисерите кои не се вакцинирани, а кои сакаат да настапат на првиот Грен Слем следната сезона, ќе можат да допатуваат во Мелбурн, но само под услов да поминат двонеделен карантин.

ВТА испратила мејл до тенисерките во кој ги информира дека во Мелбурн можат да играат и невакцинирани играчи, но дека ќе мора да поминат задолжителен карантин во хотел. Вакцинираните тенисери нема да мора да поминуваат низ такво нешто, но секако ова е добра вест за Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев кои се уште немаат примено вакцина за Ковид-19.

Австралија опен треба да се одржи од 17 до 30 јануари 2022 година.

ПретходноПремиерлигашите направиле коалиција против Њукасл: Никој да не им продава играчи во јануари!
СледноКугларите почнаа со пораз на СП во Полска