Бабиќ со голема самодоверба: Го респектираме Кадетен, но одиме да победиме!

106

Е.Пелистер по поразот од Ним на отварањето на новата сезона во Европската лига, шанса за прва радост ќе бара утре на гости кај Кадетен Шахфаузен. Ова ќе биде нова пресметка меѓу двата тима во европски рамки.

„Шафхаузен е тим со голема традиција, силен и опасен тим, со силна одбрана, доста многу трчаат. Сигурно играме против сериозен противник, кој се надеам дека ќе го победиме, одиме со респект, но можеме да ги добиеме на гостински терен.

Ако сакаме да славиме на оваа средба мораме да бидеме многу попрецизни во нападот.

Што се однесува до составот нема менуваме многу. Нема да менуваме многу. Имаме мал проблем со Јосип Периќ, кој имаше мала повреда и затоа не почна против Французите, ќе се врати во составот“, изјави Бабиќ. 

Натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 18:45 часот.

ПретходноНезадоволство во Кавадарци: Тиквеш со реакција на судењето!
СледноХаос во Бруклин поради одлуката за отстранување на Ирвинг од тимот!