Битолчани побараа помош од македонските иселеници во Швајцарија

636

Еурофарм Пелистер утре (18:45 часот) му гостува на Кадетен Шафхаузен во рамиките на второто коло во Европската лига. Битолчани на стартот на домашен терен беа убедливо совладани од Ним, па сега шанса за први бодови гледаат против швајцарскиот состав.

На ден пред оваа средба, од таборот на македонскиот вицепрвак испратија апел до македонските иселеници да дојдат во Шафхаузен и да ги поддржат.

На натпреварот од второто коло на групата Д, правдата ќе ја делат Германките Маике Мерц и Тања Кутлер, делегат е Владимир Ранчик од Словачка.

И Кадетен немаше среќа на стртот, беше поразен од Спортинг Лисабон со 28-29, па дефинитивно оваа пресметка ќе биде интересна.

ПретходноХаос во Бруклин поради одлуката за отстранување на Ирвинг од тимот!
СледноЏошуа Кимих објасни зошто не сака да се вакцинира