Нервозно во Италија: Четворица тренери суспендирани за следните натпревари

321

Поради жестоки реакции тренерите на италијанските клубови им донесоа многу работа на „дисциплинците“ во Серија А. Во 10. коло од Серија А дури четворица тренери беа исклучени и поради тоа се суспендирани за следното коло.

Жозе Мурињо, Лучано Спалети, Симоне Инзаги и Џан Пјеро Гасперини нема да раководат со своите екипи наредното коло.

Стратегот на Рома Мурињо, потоа тренерот на Интер Инзаги и на Аталанта Гасперини беа исклучени за време на натпреварите поради жестоки протести кон судиите, а Спалети доби црвен картон по последниот свиреж на мечот Наполи проти Лацио. Спалети му аплаудираше на судијата кој го разбра овој гест како сарказам и му покажа картон во црвена боја.

Спалети и Гасперини се казнети и со по 5000 евра.

А Рома е казнета со 10.000 евра поради дискриминирачки песни од нивните навивачи против Наполи и градот Неапол. Покрената е и истрага за нивно расистичко скандирање против напаѓачот на Наполи Виктор Осимен.

ПретходноЃорѓиев: „Oва е најомразениот медал што сум го освоил“
СледноПартизан и Динамо во самиот врв на клубови со најмногу продадени играчи