Лоши вести за Борусија Дортмунд, кои денеска ги пренесува германскиот „БИЛД“. Имено се потенцира дека во клубот владее паника откако и дефинитивно е јасно дека Ерлинг Халанд поради повреда ќе мора да направи подолга пауза. Имено најверојатно за него годината заврши и ќе може да игра за “милионерите“ дури во 2022 година.
Исто ова е шок и за репрезентацијата на Норвешка која не ќе може да смета на услугите на својот најдобар играч во ноемврискиот квалификациски циклус. Очигледно е дека повредата на мускулот не била така несериозна како што во прв момент се чинеше, посебно не ако се знае дека Халанд најверојатно не доволно заздравен играше за Дортмунд на мечот со Ајакс во Лигата на Шампионите кога ја обнови повредата.