РК Алкалоид не запира, совладан и Текстилец за “шест од шест“

142

Ракометарите на Алкалоид ја продолжуваат успешната серија во Првата лига на Македонија. Тие денеска со 36-19 (17-8) успеаја да го совладаат составот на Текстилец и тоа на гости во Штип. Ова е шести триумф на новиот клуб кој сега има шест победи во исто толку одиграни натпревари во вториот по ранг натпреварување во нашиот клупски ракомет. Во текот на целиот меч РК Алкалоид во целост го искажа сиот свој квалитет. Сега веќе може да се каже дека оваа екипа веќе гради, полека но сигурно, свој препознатлив стил на игра, кој се покажува како доволно за победнички ритам.

ПретходноВторолигаш патувал со “раскантано“ комбе 6.500 км и успеал да се пласира во Купот на Африка!
СледноТричко – фантастико: „Тресе“ и во седмиот меч по ред!