Ален Јашароски, искусниот напаѓач на Скопје според „Спортмедиа“ е играч на 11.коло. Јашароски со два гола успеа речиси сам да го победи Тиквеш и да му донесе три бода на својот тим. Вториот гол, оној победнички беше постигнат во
90+2.минута.
Во тимот на колото се и Захов, Бејтулаи и Рамадани од Шкендија, потоа Алварез и Брдаровски од Шкупи, Младеновски од Македонија ЃП, Стојанов и Коцев од
Брегалница, Мирчевски и Шаркоски од А. Пандев.
ИГРАЧ НА КОЛО
АЛЕН ЈАШАРОСКИ
Тим: Скопје
Роден: 06.11,1991
Кариера: Металург, Хоризонт Т, Скопје, Еуромилк,
Работнички, Македонија ЃП, Приштина, Ренова, Скопје.