Фудбалерите на Дуизбург и Кајзерслаутерн ги поделија бодовите (1:1) во 13. Коло на германската 3. Лига, а мечот го одбележа нова сериозна повреда на Феликс Геце, братот на пославниот германски фудбалер Марио Геце.
Феликс два месеци по страшната повреда повторно заврши во болница откако во 85. Минута се судри со напачот на Дуизбург и падна во несветст. Голманот на противничкиот тим Лео Вајнкауф види што се случи и веднаш реагираше со тоа што му го извади јазикот на несреќниот фудбалер за да не се задуши.
По укажување на лекарска помош, Феликс на носилки е изнесен надвор и префрлен во болница на испитувања. А пред два месеци доживеа слична повреда по судир со соиграч.