Израелците пресилни за Академија ФМП

104

Кошаркарите на Навико Академија ФМП го забележаа првиот пораз во балканското натпреварување, на домашен терен беше совладан од Хапоел Галил со убедливи 102:82.

Освен во првиот период (20-19), фаворитот доминираше во наредните два во кои и ја обезбеди победата. Работите почнаа да се менуваат во втората четвртина, испорача дури 34. поени, за двоцифрено водство на полувремето од (53:42).

Македонскиот претставник во финалните десет минути заигра нешто подобро, негативата ја сведе на многу поподнослива.

Били Ајви со 19 беше прв стрелец во домашната екипа. Крстајиќ уфрли 16, а двоцифрен број на поени имаа и Лука Стојановски (12) и  Оливер Двојаковски (13).

Во наредниот круг од натпреварите, Навико Академија ФМП повторно ќе игра потив екипа од Израел. На 30.ноември гостуваат кај Макаби во Хаифа.

ПретходноЏенова и Пандев седми меч по ред не знаат за победа
СледноБратот на Марио Геце пак во болница, голман го спаси од гушење (видео)