Шкендија е најдобар македонски клуб на најновата УЕФА клупска ранг листа

509

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, тетовска Шкендија, е најдоброрангираниот македонски клуб на најновата клупска ранг-лист која денеска ја објави УЕФА. Тетовските „црно-црвени“ се најдоа на 132. место на УЕФА клупската листа со 9000 поени.

Втор најдоброрангиран македонски тим на УЕФА листата е Шкупи кој е рангиран на 274. место. Следуваат Вардар на 347. место, Силекс 355., Ренова 410., Работнички 411. и Струга 412. место.

Германскиот шампион Баерн (М) е моментно најдобро рангиран европски клуб според УЕФА, а зад него во ТОП 5 се и Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Барселона.

ПретходноВлахо: Загубивме од Шкендија, но одигравме најдобро оваа сезона
СледноУЕФА и ФИФА вршат ревизија на финансиското работење на ФФМ, оценките највисоки