Влахо: Загубивме од Шкендија, но одигравме најдобро оваа сезона

249

Работнички го заокружи првиот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига со пораз од актуелниот првак Шкендија во Тетово. Но, и покрај тоа, тренерот Влахо смета дека младиот тим на „романтичарите“ го одиграл еден од најдобрите мечеви сезонава.

„Доживеавме пораз од Шкендија, но ако го погледнеме изданието на тимот во целина, тоа е можеби најквалитетниот меч на Работнички оваа сезона. Има многу позитивни моменти, би сакал да продолжиме со таква игра и на наредните натпревари и верувам дека ќе дојдат многу подобри резултати“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Во следното 12. коло, Работнички в сабота ќе му гостува на Борец во Велес.

ПретходноКугларите убедливо совладани и од Србија на СП во Полска
СледноШкендија е најдобар македонски клуб на најновата УЕФА клупска ранг листа