Евролига: Барса го освои Истанбул за 100% ефект, Жалгирис нема ниту една победа

76

Во 6. коло на Евролигата најинтересниот меч се одигра во Истанбул каде се соочија Фенербахче и Барселона. Победи Барселона со резултат 74-76 и воедно скокна на чело на табелата.

Фенер водеше по првата четвртина со 20:15, а во втората Барселона беше многу подобра и ја доби 9-20. На крајот триумф на шпанскиот тим, а најефикасен кај нив беше Хигинс со 18 поени. Јан Весели даде 24 поени за Фенербахче, а Гудуриќ 17.

Жалгирис е распад систем сезонава. Литванскиот гигант го запиша шестиот пораз во шестиот меч и е закован на дното на табелата. Вечерва загубија на гостувањето кај Макаби Тел Авив 76:62, а Дерек Вилијамс даде 17 поени за победничкиот табор.

Олимпијакос ја совлада Алба со 87:83, а Монако беше подобра од Црвена Звезда 70:62.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПрв пораз за Лазаров и Нант во Европската лига
СледноЖиру му донесе нови три бода на Милан (видео)