Францускиот напаѓач Оливие Жиру го постигна единствениот гол за Милан во победата над Торино со 1:0 во 10. коло од Серија А. Со тоа „росонерите“ стигнаа до деветтата победа сезонава и го држат првото место со 28 бода, три повеќе од вториот Наполи кој има меч помалку.
Торино го впиша петтиот пораз и е на 13. место.