Испуштивме голема шанса, Луксембург не совлада среде Охрид

640

Македонската женска фудбалска репрезентација доживеа неочекуван пораз од Луксембург на домашен терен од 2:3 во рамките од квалификациската група за следниот ЕП.

На стадионот Билјанини Извори и покрај домашниот терен и поддршката нашите девојки не успеаа да ја оправдаат улогата на фаворит и загубија заслужено.

Уште од самиот старт противникот покажа дека е дојден да освои бодови, па поведе уште во осмата минута преку Маркес Абреу. Израмнивме преку Гентијана Рочи во 21. минута, и на полувреме се замина со 1:1.

Следуваа двата гола на Кејт Тил во радиус од само пет минути од 62. до 67. минута и тоа беше ударот од кој ние не се опоравивме. Во последните моменти од мечот Николовска намали на 2:3,  но немаше повеќе време за да направиме нешто повеќе.

Останавме на досега освоените три бода, на делба на претпоследното место во групата токму со репрезентацијата на Луксембург.

 

ПретходноВтор триумф на девојките до 19 години
СледноПовредата на Кеита не е сериозна, Милнер паузира неколку недели