Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри 2022 година, кои ќе се одржат во Пекинг, Кина, го претстави дизајнот на олимписките и параолимписките медали.
На предната страна на медалите е изгравирано логото со петте олимписки прстени, а околу него е името на игрите на англиски јазик. Исто така, медалите го носат амблемот на Игрите и целото име исто така на кинески. Задниот дел е украсен со прстени со 24 точки, што симболизира „бесконечно ѕвездено небо“ и „хармонија меѓу човекот и природата“.
Let’s take a closer look at those #Beijing2022 medals… 😍✨
— Olympics (@Olympics) October 26, 2021