Марсело си заминува од Реал и оди во Флуминенсе

112

По долг период минат во дресот на Реал Мадрид, и освоени грст трофеи што домашни што на интернационално ниво, еден од најдобрите бекови на сите времиња Марсело на крајот од оваа сезона ќе го напушти Сантијаго Бернабе.

Тој досега одигра 530 мечеви за овој клуб, но не е повеќе прва опција кај тренерот Карло Анчелоти, а со оглед и на негоата возраст станува јасно дека повеќе не може да игра на највисоко ниво.

Затоа шпанските медиуми велат дека на крајот од оваа сезона Марсело ќе си замине од Мадрид, и ќе се врати во татковината каде што ќе потпише за тимот на Флуминенсе.

 

ПретходноСерхио Рамос конечно на тренинг
СледноВтор триумф на девојките до 19 години