Павлетиќ: Со добра одбрана – имаме реални шанси против Кадетен

93

Ракометарите на Е.Пелистер синоќа отпатуваат за Шафхаузен, каде денеска (18:45 часот) ќе ги одмерат силите со Кадетен во рамките на 2. коло во Европската лига.

И двата тима запишаа пораз на стартот на ова натпреварување, па и на двете страни мотивот да се дојде до првите бодови и тоа како е голем. Минатата сезона, Е.Пелистер и Кадетен се сретнаа двапати, битолчани на гостински терен беа совладани со 29-26, додека пак дома одиграа реми.

Овој резултат им дава право да се надеваат на први бодови. Јосип Павлетиќ вели дека противникот е добро анализиран, и дека имаат шанси да дојдат до посакуваната цел.

„Сигурно дека ќе биде нов тежок натпревар. Очекувавме подобра игра пред навивачите на првиот меч. Сигурно и тие ќе бркаат бодови како и ние. Ние одиме да дадеме сè од себе, ако имаме шанса да освоиме и бодови.

Кадетен е најсилен на бековските позиции. Гледавме натпревари изминатите неколку дена. Нашата одбрана мора да биде на ниво против средниот бек. Мора да даваме и лесни голови. Ако одиграме како што се договоривме, мислам дека нашите шанси се добри“, изјави десното крило.

Е.Пелистер според најавите денеска во 11 часот ќе го одработи единствениот тренинг во Шафхаузен, од таборот на битолчани ги повикаа македонските иселеници да дојдат и да им дадат поддршка од трибините.

ПретходноФаќаме приклучок со водечките
СледноХерера играч на натпреварот во ремито со Ференцварош