Потврдено: Барса и Бока ќе му оддадат почит пред 25.000 гледачи

104

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња Диего Марадона почина на 25. номеври минатата година на 60. години како последица на срцев удар.

Истрагата за неговата смрт и натаму трае, додека се чека одговор, двата клуба за кои играше се договорија да му оддадат почит.

Во знак на почит кон легендарниот фудбалер Барселона и Бока Јуниорс ќе одиграат пријателски натпревар во Ријад (С.Арабија) на 14. декември. Стадионот „Мрсул парк“ има капацитет од 25.000 гледачи и ќе биде прв меч во рамките на „Марадона куп“.

Марадона во Бока играше во сезоната 1981/82, додека во Барселона мина две сезони токми од овој тим. Играше за Наполи, Севиља…пред да се врати во Бока каде ја заврши својата кариера.

 

ПретходноБаерн во четврток ќе дознае дали дефанзивецот за кого плати 80 милиони евра ќе оди во затвор
СледноКошмарот за критикуваниот Рамос конечно завршува