На големата сапуница меѓу напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди и Ванда Нара и се гледа крајот.
Веќе неколку недели се во центарот на вниманието, Ванда неколку пати преку социјалните мрежи порача дека нивниот брак е готово, а ПСЖ му дозволи на Икарди да земе неколку слободни денови за да го среди својот брак.
Иако на суд потпишаа договор за развод, сепак се чини дојде до пресврт. Менаџерката на фудбалерот и неговата сопрга, порача дека се смириле.
„Фотографија која ја поставив покажува колку бевме среќни. Многу ме повреди тоа што се случи. Од Мауро барав развод. Кога сфати дека нема враќање назад, ми рече дека не можеме вака да продолжиме, сфати дека разделбата е единствен начин за да ја прекинеме болката.
За два дена тој ги прифати сите мои услови и потпишавме договор. Следниот ден ми напиша: Се ти дадов и ти имаш се, се надевам дека можеш да бидеш среќа, бидејќи тоа мене ќе ме усреќи. Тогаш сфатов: И да имам се, немам ништо како што беше со него. Сигурна сум дека ова е лош период низ кој поминуваме како семејство.
Најважно е дека и двајцата имавме слобода да стоиме на нашата осумгодишна историја, но душата ми е уморна од плачење, повторно сме слободни да се одбереме. Те сакам, Мауро Икарди“, се вели во статусот на Ванда.
View this post on Instagram