Сепак било фарса: Барса нема да плати 20 милиони евра за Кутињо

479

Продолжуваат проблемите на Барселона – не ѝ оди најдобро во Ла Лига, загуби во „Ел Класико“ од Реал Мадрид на својот стадион, а Роналд Куман постојано е на работ да добие отказ од тренерската позиција.

Меѓутоа, ако има некоја добра вест за клубот во финансиски потешкотии, тогаш тоа е дека нема да мора да плати 20.000.000 евра за Филипе Кутињо.

Одличната вест ги израдува навивачите на Барса, кои се загрижени за финансиската состојба на клубот, што беше причина за далеку послабиот тим во новата сезона.

Медиумите во Шпанија открија дека каталонскиот гигант нема да мора да му плати уште 20.000.000 евра на Ливерпул поради трансферот на Кутињо, бидејќи спорната клаузула не постои.

Откако Бразилецот пристигна на „Камп Ноу“, медиумите во Шпанија и Англија пишуваа дека Барселона ќе мора да ја плати споменатата сума на Ливерпул кога Кутињо ќе го одигра 100-от натпревар за каталонскиот клуб.

Тој против Реал го одигра 99. меч, утре е јубилејниот, но „Мондо Депортиво“ тврди дека клаузулата никогаш не ни постоела.

Досега Каталонците за неговиот трансфер веќе мораа да платат 135.000.000 евра, а останува непознато зошто дури сега е демантирано постоењето на спорната клаузула.

ФОТО: phil.coutinho/instagram

ПретходноКако јунакот на Марсеј со совршен лизгачки старт го сопре Мбапе (ВИДЕО)
СледноФаќаме приклучок со водечките