Медиумите во Франција претпладнево објавија дека Серхио Рамос по цели два месеци откако стана член на тимот на ПСЖ конечно закрепнува од повредата и се појави на тренинг заедно со остатокот од екипата.
Рамос сеуште нема дебитирано за тимот на Париз, а се очеува конечно да биде во комбинација за мечот против Лил во рамките на новото коло од Францускиот шампионат, кој е закажан за в петок.