На синоќешните дуели во НБА-лигата видени се успешни и неуспешни забивања.
Во центарот на вниманието се најде Никола Јокиќ. Овој пат иако беше најдобар во редовите на Денвер во поразот Кливленд од 87-99, сепак неговата партија (24 поени и 19 скока) ја фрли во сенка финскиот кошаркар.
Лаури Марканен го има потегот на мечот, тој во првото полувреме ја заби топката преку Јокиќ, кон кошот се упати исто како да нема никој. Не само што ја смести топката, туку и го турна на земја Србинот.
Que burrada el póster de Lauri Markkanen ante Nikola Jokic… pic.twitter.com/MGox1IDpVl
— Menex (@Menex77bball) October 26, 2021
Кога сме кај неуспешните забивања, тука на прво место дефинитивно е Лилард. Една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата во третата четвртина на дуелот меѓу ЛА Клиперс и Портланд се обиде да ја забие топката преку Зубац, не само што не успеа, туку доби и лична грешка во напад.
Zubac says it’s a ‘no fly zone’, Dame 🚫⛔ pic.twitter.com/WYVewjQe42
— NBA Analysis Network (@HoopAnalysisNet) October 26, 2021
На крајот овој дуел убедливо им припадна на Клиперси кои славеа со 116-86.
На останатите средби Бостон го совлада Шарлот со 140-129 по продолжение, Индијана загуби од Милвоки со 109-119, Атланта беше подобра од Детроит со 122-104, Бруклин им се врати на победите, го совлада Вашингтон со 104-90, Мајами беше подобар од Орландо (107-90), додека Минесота загуби од Њу Орлеанс со 98-107.