Македонскиот интернационалец Себастиан Херера по враќањето од повредата игра одлично во дресот на својот тим МТК.
Изминатиот викенд на програмата беше дербито против тимот ан Ференцварош, а Херера одигра одлични деведесет минути. Изборен е нерешен резултат, 0:0, против фаворитот, а Херера доби највисока оценка, односно е прогласен за играч на натпреварот.
Колумбиецот е дел од „македонскиот табор“ во МТК, каде што уште се наоѓаат и Бојан Миовски односно Христијан Георгиевски.