Виљареал во финишот даде два гола и се спаси од пораз (видео)

140

Тимот на Виљареал се извлече од калта во 11. коло на шпанската Ла Лига на дуелот со Кадиз на домашен терен. „Жолтата подморница“ беше пред пораз, но со два гола во финишот стигна до 3:3. Домашните немаа решение за расположениот крилен напаѓач на гостите Чоко Лозано кој ги реализираше трите гола за гостите со кои поведоа со 1:3.

Со тоа репрезентативецот на Хондурас стана само вториот играч на Кадиз кој реализирал хет-трик за Кадиз во најсилната шпанска лига по Махико Гонзалез против Сантандер во септември 1986 година.

Во 80. минута Виљареал преку Диа намалија на 2:3, а во шестата минута од судиското продолжение дојдоа до реми со голот на Данџума.

На другите два меча од вторничката програма: Еспањол-Атлетик Билбао 1:1, Алавес-Елче 1:0.

ТРИТЕ ГОЛА НА ЛОЗАНО И ГОЛОТ ЗА РЕМИ НА ВИЉАРЕАЛ ВО 96. МИНУТА

ПретходноПерспективниот Гомес уште долго време во Барселона
СледноДончиќ за прва домашна победа на Далас, Јокиќ го повреди коленото (ВИДЕО)