Арсенал лесно преку Лидс, а Челзи дури по пенали во 1/4 финале на Лига купот

120

Со головиѕте на Чемберс и Нкетиа екипата на Арсенал го победи Лидс со 2:0 и се пласира во четвртфиналето на Лига купот на Англија. „Топчиите“ ја кренаа формата, а тоа се гледа по резултатите. Осми меч во сите конкуренции составот на Микел Артета не знае за пораз (шест победи и две ремија).

Во наредната фаза од Лига купот се пласира и Челзи кој по подобро изведување на пенали со исфрли Саутемптон. Инаку мечот заврши 1:1, Хаверц донесе предност за Челзи, а изедначи Адамс на почетокот на второто полувреме. Во пенал рулетот „сините“ беа подобри со 4:3

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Сандерленд кој исто така на пенали славеше над КПР со 3:1 откако во регуларниот дел немаше голови.

ПретходноЖиру му донесе нови три бода на Милан (видео)
СледноПерспективниот Гомес уште долго време во Барселона