Кина ги промовираше медалите за ЗОИ 2022 (ВИДЕО)

148

Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри 2022 година, кои ќе се одржат во Пекинг, Кина, го претстави дизајнот на олимписките и параолимписките медали.

На предната страна на медалите е изгравирано логото со петте олимписки прстени, а околу него е името на игрите на англиски јазик. Исто така, медалите го носат амблемот на Игрите и целото име исто така на кинески. Задниот дел е украсен со прстени со 24 точки, што симболизира „бесконечно ѕвездено небо“ и „хармонија меѓу човекот и природата“.

ПретходноНикако да се опорави: Верати повторно повреден, следува нова пауза
СледноАлегри: Инзаги не признава, но Интер е најголем фаворит за Скудетото