Кошмарот за критикуваниот Рамос конечно завршува

409

Серхио Рамос конечно ќе може да им се приклучи на тренинзите на ПСЖ и ќе биде подготвен за дуелот против Лил во рамките на Лига 1.

Според француските медиуми искусниот фудбалер дојдо точката на рехабилитација која му дозволува индивидуалните тренинзи да ги замени со групните, и со тоа да направи чекор кон своето деби во составот на „светците“.

Рамос потпиша двегодишен договор со ПСЖ, лекарските прегледи покажаа дека 35-годишниот фудбалер е подготвен физички како 25 годишен играч. Сепак поради повреда на листот на левата нога тој мораше да биде надвор од терените.

Специјализираните медиуми оваа ситуација ја опишаа како ноќна мора, а многумина тврдеа дека челниците на клубот донеле лоша одлука со неговото потпишување.

Но, има и такви кои веруваат дека Рамос наскоро ќе ја оправда довербата, и ќе биде оној стариот.

Со 35 години, 22 трофеи со Реал и речиси 900 професионални натпревари од неговото деби во 2004 година, Рамос забележа невиден пад, бидејќи одигра само седум натпревари во 2021 година.

Рамос последен пат се појави на 5 мај 2021 година во полуфиналето на Лигата на шампионите против Челзи.

ПретходноПотврдено: Барса и Бока ќе му оддадат почит пред 25.000 гледачи
СледноКако јунакот на Марсеј со совршен лизгачки старт го сопре Мбапе (ВИДЕО)