Кугларите убедливо совладани и од Србија на СП во Полска

84

Кугларската репрезентација на Македонија го загуби и вториот меч на Светското првенство во Полска. Во рамките на групата „Ц“ нашите куглари денеска беа поразени со 7:1 од селекцијата на Србија, која и пред дуелот ја имаше фаворитската улога.

Со овој пораз и оној на стартот од Словачка, нашите куглари ќе го освојат последното трето место во групата, без шанса за пласман во разигрувањето. Инаку, денеска надуелот со Србија единствениот бод за Македонија го освои Ибрахим Мемеди на првата патека.

ПретходноПонижување до бескрај, Јунајтед загуби 0:5, Ван Де Бек тренира на празниот Олд Трафорд
СледноВлахо: Загубивме од Шкендија, но одигравме најдобро оваа сезона