„Ме нервира тоа што ПСЖ го прави со Меси“

570

Лионел Меси летово пристигна во ПСЖ беше најголемиот трансфер кој се случил во историјата на фудбалот.

Таму беше пречекан од суперѕвезди како Килијан Мбапе, Нејмар и Марко Верати, а му се придружија и нови како Донарума и Серхио Рамос. Иако ПСЖ убедливо го држи врвот на табелата и е на добар пат да се пласира понатаму од групната фаза во Лигата на шампионите, впечатокот што го остава не е впечатлив.

Меси исто така се мачи со своите стандарди. Даде три гола во Лигата на шампиони, но во францускиот шампионат и натаму го чека својот првенец.

Неговиот некогашен соиграч од Барселона, Тијери Анри откри во што е проблемот со Аргентинецот.

„Лео делува како да е изолиран, се помалку е со топката. Не би рекол дека е тажен, туку изолиран. Повеќе сакам кога игра на средина, ме нервира кога го гледам на десно крило, не може на таа позиција да воспостави темпо во нападот. ПСЖ мора да најде начин да ги вклопи него, Мбапе и Нејмар. Мислам дека на десната страна не може да прави толку голема предност“, изјави Анри.

ПретходноФинецот го понижи Јокиќ – заби преку Србинот како да не постои (ВИДЕО)
СледноБаерн во четврток ќе дознае дали дефанзивецот за кого плати 80 милиони евра ќе оди во затвор