Mладиот деснокрилен ракометар Алеиш Гомес потпиша нов договор со Барселона со кој е обврза да остане до 30 јуни 2026 година. Шпанскиот репрезентативец повеќе од една деценија е член на Барса, а почна во младинските категории, па се проби до првиот тим и стана незаменлива алка.
Инаку со Шпанија освои бронза од ОИ во Токио, бронза на СП 2021 во Египет, а има злато од ЕП 2020. Во 2020 беше прогласен за најдобар млад играч во ракометната ЛШ, а таа година Барса загуби во финалето од Кил.