Еден од најголемите фудбалери на сите времиња Диего Марадона почина на 25. номеври минатата година на 60. години како последица на срцев удар.
Истрагата за неговата смрт и натаму трае, додека се чека одговор, двата клуба за кои играше се договорија да му оддадат почит.
Во знак на почит кон легендарниот фудбалер Барселона и Бока Јуниорс ќе одиграат пријателски натпревар во Ријад (С.Арабија) на 14. декември. Стадионот „Мрсул парк“ има капацитет од 25.000 гледачи и ќе биде прв меч во рамките на „Марадона куп“.
Марадона во Бока играше во сезоната 1981/82, додека во Барселона мина две сезони токми од овој тим. Играше за Наполи, Севиља…пред да се врати во Бока каде ја заврши својата кариера.
❗️ CONFIRMED MATCH
🆚 @bocajrsoficial
🗓 14/12
🍿 Barça TV+— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 25, 2021