Суперкупот на Италија меѓу Интер и Јувентус би можел да биде преместен на „Сан Сиро“ во Милано на 5 јануари. Веста ја објави весникот „Газета дело Спорт“.
Според информацијата, Саудиска Арабија како место на кое требаше да се игра овој дуел, веројатно веќе не е опција, па дуелот за овој трофеј, сепак, ќе биде организиран на домашен терен.
Минатата сезона овој меч се играше во Реџо Емилија, поради ограничувањата со Ковид-мерките.