Ферги го спаси Солскјер: Бордот на Јунајтед му даде уште една шанса на Норвежанецот

465

Бордот на директори на Манчестер Јунајтед донесе одлука во врска со статусот на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Според информациите на англиските медиуми, Оле ќе го води Јунајтед и на натпреварот против Тотенхем в сабота и покрај тешкиот пораз во дербито против Ливерпул (0:5) минатиот викенд.

Сепак, далеку од тоа дека неговото место на клупата е сигурно, затоа што пресудни ќе бидат претстојните натпревари. Одлуката да му го „продолжат“ мандатот на клупата на „црвените ѓаволи“, луѓето од Бордот ја донеле по доаѓањето на Сер Алекс Фергусон во тренинг центарот во Карингтон.

ПретходноСуперкупот на Италија ќе се игра на „Сан Сиро“ на 5 јануари?
СледноКаков меч во Шафхаузен: Е.Пелистер губеше со осум разлика, Периќ донесе бод