Минатата година снимката на која Делонте Вест е буквално бескуќник и под дејство на наркотици, го обилоки светот. Планетата дозна во каква состојба е некогашната НБА звезда, па мораше нешто а се преземе во врска со тоа.
Сосптвеникот на Далас Маверикс, Марк Кјубан го зема под свое што се вели, веднаш го испрати во клиника за рехабилитација, и се сметаше дека Делонте Вест е во вистински раце односно ќе го фати правиот пат.
Сепак, новобјавената снимка од Флорида во кој Вест повторно се наоѓа во очајна состојба и при која е апсен од страна на властите покажува дека тој очигледно има сериозни ментални проблеми.
„Јас сум Исус, и сум подобар од Леброн Џејмс и Мајкл Џордан. Јас сум господот на оваа игра“ – им вели Вест на полицајците кои го апсат, затоа што правел неред и тропал на вратата на една куќа, односно ги вознемирувал станарите.