Иако Антонио Конте начелно се согласил да биде новиот тренер на Манчестер Јунајтед, иако имало и почетни преговори, сепак раководството на најтрофејниот клуб во Премиер – лигата се реши да му даде шанса на Оле Гунар Солксјер и натаму да го води тимот.
Сепак, утрината медиумите на Островот лансираат “бомба“, а таа е дека клубот од “Олд Трафорд“ го посакува Маурицио Покетино за менаџер или стратег на Јунајтед. Иако Аргентинецот сега е во ПСЖ, се говори дека набргу, уште во јануари би можело тој да замине од Париз и да се пресели во Манчестер. Токму и затоа е останувањето на Солскјер на клупата на Јунајтед.
Се вели и дека Покетино бил прв “пик“ за тренер на Јунајтед уште во 2018 година по заминувањето на Мурињо, ама тогаш во последен момент било решено Солскјер да седне на клупата.