Дончиќ за прва домашна победа на Далас, Јокиќ го повреди коленото (ВИДЕО)

158

Кошаркарите на Далас ја остварија првата домашна победа сезонава, откако во тексашкото дерби со Хјустон Рокетс славеа со 116:106. Со 26 поени, словенечката ѕвезда Лука Дончиќ беше прв стрелец на натпреварот со 40% реализација на шут од игра (10/25). Дончиќ придонесе и со 14 скока, а од првиот трипл-дабл сезонава му го одделија оние три асистенции.

Јута на домашен терен го победи Денвер, а дуелот го одбележа повредата на коленото на српскиот ас Никола Јокиќ, кој за 15 минути имаше придонес со 24 поени, шест скока и шест асистенции. Јута славеше со 122:110 и ја оствари третата последователна победа.

Во тензичен натпревар по продолженија, кошаркарите на ЛА Лејкерс кои играа без повредениот Леброн Џејмс на крајот однесоа победа од гостувањето кај Сан Антонио со 125:121. Ентони Дејвис уфрли 31 поен од игра и постигна вкупно 35 поени со што беше лидер во составот на „езерџиите“, додека Расел Вестбрук постигнаа 33 поени и 10 скока и со 8 асистенции беше на чекор до првиот трипл-дабл сезонава.

РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Филаделфија 112-99

Оклахома – Голден Стејт 98-106

Далас – Хјустон 116-106

Сан Антонио – ЛА Лејкерс 121-125 (п)

Јута – Денвер 122-110

ПретходноВиљареал во финишот даде два гола и се спаси од пораз (видео)
СледноМисија (не)возможна: Барселона се обидува да го убеди Клоп идната сезона да дојде на „Камп Ноу“