Македонската фудбалска репрезентација доби официјална покана од страна на фудбалската федерација на Ел Салвадор за одигрување на пријателски натпревар во Лос Анџелес, САД на 21. јануари 2022 година.
Во тој период репрезентацијата на Ел Салвадор ќе има подготовки, а одбран е токму нашиот национален тим како спаринг партнер за една од пријателските средби кои се планирани.
За нас, ова секако дека ќе биде добра можност доколку секако поканата биде прифатена за да одиграме меч кој ќе биде силна контрола.
Сепак, мора да се напомене дека ова не е ФИФА термин, и во тој тајмин националните шампионати ќе бидат во тек. Тоа значи дека селекторот Милевски нема да има можност да ги повика стандардните репрезентативни првотимци туку дека ќе мора да се потпре врз оние кои ќе бидат ослободени од клубовите во тој момент, или пак да одбере играчи исклучиво од домашниот шампионат.
Да напоменеме дека своевремено селектор на селекцијата на Ел Салвадор во деведесеттите години беше проаславениот наш фудбалски ас, Кирил Дојчиновски.