Сасуоло го порази Јувентус во Торино, а Нестор не заигра против Верона (видео)

1028

Екипата на Јувентус изгуби од Сасуоло во меч од 10. коло во Серија А. На домашен терен „Старата дама“ е поразена со 1:2 што е нивен трети пораз сезонава. Фратеси ја затресе мрежата на Перин за водство на гостите, а торинскиот тим изедначи во 76. минута преку Вестон Мекени.

Се чинеше дека мечот ќе заврши со реми, но во петтата минута од судиското продолжение 23-годишниот Максим Лопез го здрви Перин и навивачите на Јувентус.

Инаку ова е прва победа на Сасуоло на теренот на Јувентус.

На табелата Јувентус е на седмото место и има 15 бода и скор од 4 победи, 3 ремија и 3 порази. Сасуоло е 9-ти.

Илија Несторовски остана на клупата кај Удинезе на дуелот со Верона. Македонскиот репрезентативец туку што заздрави од повредата, па тренерот не ризикува и ќе почека некое време пред да го стави во игра. Удинезе одигра 1:1 со тоа што поведе со голот на Суцес во 3. минута, а во финишот изедначи Барак од пенал.

А Аталанта го однесе целиот плен од гостувањето кај Сампдорија. Победи со 3:1.

ПретходноАлборг падна во Сегед, Келце им одржа лекција на Раул Гозналез и ПСЖ
СледноСтоле се фрли како мачка и му одбрани пенал на Депај (видео)