Екипата на ТФТ доживеа пораз од Академик од Пловдив на домашен терен во БИБЛ лигата. Одлучувачки беа последните пет минути во кое се влезе со резултат 66-66, а бугарскиот тим направи 12-3 за речиси три минути и поведоа со 78-69 додека македонскиот претставник немаше сила да се врати.
Конечниот резултат е 75-83.
Инаку ова е првиот пораз на ТФТ по серијата од пет победи во сите натпреварувања.
ТФТ е четврти на табелата во групата Б со скор од една победа и еден пораз, додека Академик е лидер со максимален ефект од 4 победи.